Издавањето на лични документи останува најголем проблем за граѓаните. При денешната посета одделението за Управни работи во Куманово Тошковски го увиде новиот пилот проект „Земи бројче“ и заклучи дека истиот во Куманово се спроведува ефикасно.
Министерот соопшти дека ваквиот проект во Куманово функционира тековно и на овој начин е поедноставен процесот за фотографирање и издавање лични документи за граѓаните. Тој во изјава за медиуми оцени дека принципот „прв дојден – прв услужен е хаотичен“ и затоа дека оваа измена функционира одлично за граѓаните.
Тој го посети Куманово заедно со дополнителниот заменик министер во Министерството за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски. Заеднички го тестираа пилот проектот преку кој се поединоствавува процесот на издавање на патни исправи, отпочнување на процесот со закажување, фотографирање и подигнување на патните исправи.
– Можам да кажам дека првично од она што го видов сум задоволен како функционира овде во Куманово соработката којашто ја имавме досега и се надевам дека овој пилот-проект ќе може да го спроведеме во иднина, како системско решение кое би требало да го олесни процесот на спроведување на целокупната постапка поврзана со личните документи, рече Тошковски.
Вака граѓаните преку монитор се известени кога треба да ја извршат услугата, а на овој начин министерот оцени дека се регулира метежот.
Целта ни е достоинствен начин на издавање лични документи, да им го олесниме процесот на граѓаните, вели тој.
– Она што го правиме, месец, месец и половина, целта ни е на еден достоинствен начин колку што можеме да го олесниме процесот на издавање лични документи, рече Тошковски.
Ваквиот проект започнува токму од Куманово. Ова не е мала општина бидејќи циркулираат по 500 луѓе кои се фотографираат на дневно ниво.
Тошковски се заблагодари на МИОА кои го поднеле предлогот за реализација на овој проект.
Извор: Макфакс