Убиени над 200 „терористи“ во вчерашната голема акција
Израелската армија соопшти дека убила десетици палестински борци и уапсила повеќе од 200 лица во голема операција вчера во најголемиот болнички комплекс во Појасот Газа – болницата Аш Шифа, пренесува AFP.
Стотици цивили беа принудени да ја напуштат областа.
„Елиминиравме повеќе од 20 терористи во болничкиот комплекс“ и „над 20 во областа околу болницата“, рече портпаролот на израелската армија, контраадмирал Даниел Хагари. Тој додаде дека се приведени „повеќе од 200 осомничени терористи“.
Болницата Ал Шифа – центар на случувањата
Министерството за здравство во Појасот Газа, под контрола на Хамас, извести за „десетици убиени и ранети, од кои повеќето цивили, во операцијата на израелската војска во болницата „Аш Шифа“, но не даде точни бројки.
Заедно со Јахја Синвар (лидерот на Хамас во Газа) и Мохамед Деиф (лидерот на военото крило), Иса е еден од тројцата најбарани од израелската армија во Газа.
Израел го ликвидираше и заменик лидерот во јануари
Во јануари, но во Либан, беше убиен и Салех ал-Арури, кој е заменик лидер на политичкото раководство на движењето.