Детскиот фонд на Обединетите нации денеска соопшти дека повеќе од 13.000 деца биле убиени во Газа за време на израелската офанзива, додавајќи дека многу деца страдаат од тешка неухранетост и „немале сила ни да плачат“, пренесе Ројтерс.
Од УНИЦЕФ додаваат дека голем дел од децата можеби се уште се под урнатините.
„Илјадници други се повредени или не можеме ни точно да одредиме каде се. Можно е да се затрупани под урнатините. Не сме виделе вакво ниво на смртност на деца во речиси ниту еден друг конфликт во светот“, рече извршната директорка на УНИЦЕФ
Таа кажа брутелни информации соопштувајќи дека бебињата немаат енергија ниту да плачат.
„Сум бил во одделенија со деца кои страдаат од тешка анемија, неухранетост, целото одделение е апсолутно тивко. Затоа што децата, бебињата, немаат енергија ни да плачат, заклучува таа.