Трпението на студентите и раководството на ФИНКИ е при крај. Веќе со години се шутирани од властите за нивните простории, па истите приморани се наставата да ја изведуваат во бараки. Постојаното одолговлекување и пасивност ги натера денеска од 12 часот да излезат пред Влада на мирен протест да го искажат својот револт.
Студентите лутаат низ различни простории
Студентите се жалат дека нивните предавања се одвиваат на технолошкиот факулетет, машинскиот, а понекогаш и во монтажните бараки. Деканатот на овој факултет со барање до Владата и МОН – бараките кои се во близина на Машинскиот факултет, а истите се во сопственост на бирото за развој на образованието да им бидат отстапени на нив.
И покрај тоа што ФИНКИ е најброен факултет нивните барања никој не ги прифаќа. Над 5000 студенти лутаат од факултет на факултет, од барака на барака за да изведуваат настава, додека почнатата нова зграда десет години стои недоградена. Ова е само еден од примерите за последиците од нерешените прашања со трите згради во кругот на УКИМ, кои стојат незавршени.
Раководството на ФИНКИ со студентите денеска од 12 пред Владата ќе одржат седница на Научно наставниот совет на факултетот,
ФИНКИ требаше да добие нова зграда во склоп на УКИМ
ФИНКИ треба да добие зграда во склоп кампусот на УКИМ заедно каде се наоѓаат економскиот, правниот, филолошкиот и филозофскиот факултет. Сепак изградбата во моментов е стопирана. Објектот кој требаше да стане дом на ФИНКИ почна да се гради пред повеќе од осум години.
Фирмата која требаше да го изгради отиде во стечај
Во 2015-та имаше и свечено отворање, но истиот остана недограден. Во јули 2019 фирмата-изведувач „Бетон-Штип“ отиде во стечај. Министерството за образование и изведувачот се во клинч. Изведувачот е во стечат, а МОН е пасивно за ангажирање на нов изведувач. Станува збор за државно земјиште.
Што се однесува пак до спортската сала, овде како еден од проблемите се наведува изведеувачот „Акон“ кој потпаднал во стечај.
Студентското собрание го поддржа протестот
Од студентското собрание го подджраа денешниот протест. Студентите се револтирани на погрешните политики на власта, а нивни поплаки има и во однос на стипендиите кои нередовно се исплаќаат на нивното конто.