Итни реформи во образовниот систем, во средното стручно и високото образование и продуцирање на соодветна работна рака за компаниите, посочуваат експертите. Ова е во контекст на увозот на работна сила за што стопанствениците велат дека е поради ниската продуктивност и немањето квалификувана работна сила што им е потребна.
Увозот е во угостителството, а прилепската текстилна индустрија доби 9, се очекуваат и уште десет работници од Непал. Се споменува и градежништвото. Во ниската продуктивност не помага ниту заминувањето на младите.
Според работодавците, дуалното образование не ги дава потребните кадри на пазарот на трудот.
Стапката на невработеност во земјава е околу 13 проценти, релативно висока за меѓународните стандарди, а активноста на работната сила е меѓу најниските во Регионот.