Државната изборна комисија утре ќе спроведе ждрепка за утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати за претседател на државата.
Ждрепката, според соопштението ќе се одржи во 12 часот во големата сала на 4 кат во ДИК.
Во истата сала веднаш потоа ќе се одржи и ждрепката за распределба на рекламни паноа и билборди за изборите за претседател.
На гласачкото ливче како што е познато ќе има седум кандидадти. Кампањата ќе почне на 4 април, а првиот круг од претседателските избори е закажан за 24 април..