За еден ден може да се добие термин за фотографирање за вадење на пасош по итна постапка. Ова го објави техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Реорганизацијата и зголемувањето на капацитетите во делот на управните служби дава резултат. Повеќе нема чекање со месеци за фотографирање за пасош по итна постапка во Скопје и од денес граѓаните кои ќе побараат термин, ќе го добијат за истиот или наредниот ден. Продолжуваме понатаму!, објави тој.