Со голем народен митинг во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја започне својата предизборна кампања.
Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, најави дека на 4-ти април, голем митинг ќе се одржи пред Владата на Република Македонија.
Почетокот на народниот собир е закажан за во 20:00 часот.
-Заедно, сплотени и обединети да порачаме дека народот е посилен од власта и да ја вратиме државата на народот, порача Мицкоски.