Пукање и напад со автоматско огнено оружје денеска попладне се случило во Арачиново, а според потврдени информации целта на нападот бил градоначалникот на оваа општина, објави Телма.
Повредено е најмалку едно лице кое било во придружба на градоначалникот односно било дел од обезбедувањето. Ранетиот е префрлен во Ургентниот центар.
Кон Арачиново се движат силни полициски единици за обезбедување на местото и увид, а на местото на злосторот реагирале и екипи на Итна помош.