На територијата на град Скопје, како што посочуваат, изречени се вкупно 163 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 82 санкции, 12 за возење без возачка дозвола, четири прекршока што ги чинат возачите на мотоцикли.
Изречени се шест санкции за користење мобилен телефон, 33 санкции за непрописно паркирање, три санкции за минување на црвено светло.
Од МВР информираат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.