Американската држава Оклахома ја изврши својата прва егзекуција во 2024 година со смртоносна инјекција на маж осуден за двојно убиство. Мајкл Девејн Смит имал 19 години кога ги убил Џенет Мур и Сарат Баба Пулура во Оклахома Сити во 2002 година.
Запрашан дали има некои последни зборови, Смит (41) рекол: „Не, добар сум“. Тој е 12-то лице кое е погубено во Оклахома откако државата продолжи со егзекуциите во 2021 година. Речиси седумгодишниот прекин следеше низа проблеми што се појавија за време на егзекуцијата.
Во 2014 година, осуден затвореник се мачел од очигледна болка 43 минути пред да умре од срцев удар. Следната година, еден затвореник кој бил погубен, им рекол на сведоците дека неговото „тело гори“ и дека се чувствувал како да му „вбризгале киселина“.
Смит ги извршил убиствата додека веќе бил во бегство за убиство една година порано. Ја убил Џенет Мур кога отишол во нејзината куќа барајќи го нејзиниот син, за кој верувал дека е полициски доушник.
Во одделен напад, тој ја убил Сарат Баба Пулура, која ја помешал со друг дилер кој коментирал за еден локален весник за криминалната банда на Смит. Смит починал за неколку минути откако примил инјекција од три хемикалии, рекоа луѓето кои беа сведоци на егзекуцијата во казнено-поправниот дом Мекалестер.
Тој бил прогласен за мртов вчера во 10:20 часот по локално време, потврди Одделот за поправки за Си-Би-Ес њуз. Јавниот обвинител на Оклахома, Гентнер Драмонд, објави изјава откако Смит беше прогласен за мртов, велејќи: „Благодарен сум што правдата е задоволена“.
Семејството на Џенет Мур, исто така, рече дека „правдата е задоволена“ и им се заблагодари на властите за извршувањето на казната во изминатите 22 години. „Не поминува незабележано или залудно. На генерациите што доаѓаат постојано треба да се потсетуваат дека ова е правда за загубата што ја предизвика болката“, напиша семејството.
Семејството на Сарат Бабу Пулура во соопштението рече дека Сара „засекогаш ќе живее во нашите срца“.