Од Министерството за здравство информираат дека поради дефект на еден од компресорите во тек на два дена бил одложен елективниот програм, а не итните случаи за операција на пациенти.
– Не е точна информацијата за наводен колапс на Клинички центар. Се работи за дефект на еден од компресорите поради што многу инструменти зависат од притисок кој го генерираат пумпите, затоа во тек на два дена елективниот програм, а не итните случаи беа одложени. Проблемот е саниран, а со кислородот немало никаков дефект, објаснуваат од Министерството.
Од таму посочуваат дека во вторникот е реализирана средба со директорите на Градската општа болница „8 септември“, Клиниката за дигестивна хирургија, КАРИЛ каде што е постигнато усогласување и во тек е усвојување план и активности на министерот за здравство за проверка на сите компресорски станици во Клинички центар.