Жичарницата „Стреза Мотароне“ за околу 20 минути превезува туристи и локални жители од познатиот град Стреза, на езерото Маџоре, до врвот на планината Мотороне, на надморска височина од околу 1 400 метри надморска височина.
„Се случи сериозна несреќа на жичницата Стреза-Мотароне. Спасувачките екипи се на самото место, како и два медицински хеликоптери“, објави италијанската служба за спасување на алпинисти.
Кабината на жичарницата паднала од релативно висока точка на земјата во подножјето на голема шума и е целосно смачкана, пренесува Corriere Della Sera.