Холанѓанецот трката ја заврши со време 1:38:56,820 час. Второто место му припадна на Карлос Сајнц Јуниор од Ферари (+8,968 секунди), додека трет беше Ландо Норис од Мекларен (+19,427 секунди).
Актуелниот шампион Луис Хамилтон го освои седмото место, по што водечката позиција во поредокот му ја препушти на Верстапен.
Трката воопшто не ја стартуваше освојувачот на пол-позицијата Шарл Леклер од Ферари поради проблеми со болидот.
Табела по пет трки во Ф1: Верстапен 105 бода, Хамилтон 101, Ландо Норис 56, Валтери Ботас 47, Серхио Перез 44,….
Следната трка е закажана за 6 јуни во Азербејџан.