Максим Димитриевски вели дека ќе коалицира со оној кој ќе ги прифати неговите услови. Претходно, во текот на гостувањето Димитриевски рече дека кога се во прашање националните интереси цврсто стои за „најнападнатите“ работи: Јазикот, индетитетот и историјата.
Ќе бидам конструктивен. Ние ќе коалицираме со тие кои ќе седнат со нас на маса, тоа што ние ќе го понудиме и ќе ги прифатат нашите услови. Така си функционираат веќе 30 години, ние ќе поставиме услови, вели Димитриевски за Радио Лидер.
Димитриевски рече дека партиите мора да се држат до кампањата.
Не смее да се заборави на кампањата. Се враќаме на националната кампања. Патриотизмот не е резервиран само за ВМРО-ДПМНЕ, вели Димитриевски.
Тој се осврна и на вчерашната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кој вчера ја соопшти идејата и повикот до ЗНАМ и Левица за македонско национално единство.