Неверојатен раст
Профитот на Нетфликс во првиот квартал од 2024 година е 2,33 милијарди долари или 5,28 долари по акција, што е зголемување од 1,30 милијарди долари или 2,88 долари во истиот квартал од 2023 година по акција, пренесува CNBC.
Компанијата соопшти дека има 269,6 милиони претплатници на глобално ниво, што значи дека бројот на претплатници е зголемен за 9,32 милиони во споредба со претходниот квартал.
Изненадени се аналитичарите
Резултатите на Netflix за првиот квартал од 2024 година ги надминаа очекувањата на LSEG во сите категории, кои очекуваа приход од 9,28 милијарди долари, заработка по акција од 4,52 долари и вкупно 264,2 милиони претплатници.
Во соопштението до акционерите, Нетфликс ги означи резултатите како „добар почеток на 2024 година“ и додаде дека неговата оперативна маржа се зголемила за седум проценти, на 28 проценти.
Компанијата очекува нејзиниот приход да порасне меѓу 13 и 15 проценти во фискалната 2024 година, а нејзината оперативна маржа да биде 25 проценти.
Напалаќање за споделување лозинки
Во соопштението се додава дека компанијата во иднина нема да открива податоци за бројот на претплатници, туку ќе се фокусира пред се на приходите и оперативната маржа.
За потсетување, Нетфликс од минатата година им наплаќа на своите корисници за споделување на нивните лозинки.
Во последниве години, се проценува дека повеќе од 100 милиони луѓе ширум светот користеле лозинка споделена со нив од пријатели или членови на семејството без да мора да платат.
Успех од промена на практиката
Слабиот раст на бројот на претплатници во 2022 година, како и губењето на старите, ја натера компанијата да ја промени претходната практика и да ги убеди оние што ги користеле нивните услуги бесплатно да почнат да плаќаат.