Во продолжение пренесуваме соопштение од ВМРО-ДПМНЕ:
Ковачевски ниту еднаш не го нападна, ниту искритикува ДУИ, тие се сијамски близнаци.
Ковачевски не може да функционира без ДУИ, нив им ја должи кариерата и 2-те години власт.
Ковачевски му овозможи на ДУИ власт за се во државата, само за да може да краде.
Исто и сега Ковачевски не смее да зборува против ДУИ, ниту да искритикува нешто. Одмолче за пеењето и прославите на Ахмети по институции, за фудбалот на Груби во министерство, за тендерите и криминалите, затоа што е составен дел од тоа.
Се што е ДУИ тоа е и Ковачевски. Тој му ја даде Македонија на ДУИ и 100-тина нивни функционери.
Време е да ја вратиме државата на народот.
Промените се во твои раце. Македонија повторно твоја!