Ќе се врати ли старата цена на полисите?
По низата реакции во јавноста, се одржува состанок во Министерството за финансии за цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување, што треба да стапи на сила од 1-ви мај. Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Националното биро за осигурување и претставници на Министерството за финансии треба да одлучат дали ќе има зголемување на задолжителното осигурување на автомобилите при регистрација, од најмалку 900 денари или враќање на старата цена на полисите.
Министерството ќе одлучува за цените на автополисите
Министерството треба да процени дали ќе има зголемување на цените на автополисите или ќе го прифати ставот на Комисијата за заштита на конкуренцијата, која смета дека барањето на осигурителното биро е неосновано.
Националното биро за осигурување минатата недела побара поскапување на полисите за осигурување на автомобили поради зголемени режиски трошоци. Ако нема договор, можно е Владата да донесе нов тарифник со кој може директно да ги врати старите цени на полисите за автомобилско осигурување.
Извор: МРТ