Јавно протекоа информациите за донации во кампањата на претседателски кандидати. Најмногу донации собрала претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова со дури 325.000 евра, а убедливо најмалку собрал кандидатот на СДСМ и актуелен претседател, Стево Пендаровски.
Донации за Стево Пендаровски
Според јавно достапните информации на Државниот завод за ревизија за Стево Пендаровски донирале тројца граѓани и една фирма. За него сите донации биле извршени на 22 април каде тројцата граѓани донирале по 6.150, 22.687 и 3.075 денари. Правното лице донирало 115.005 денари.
Донации за Гордана Силјановска Давкова
ДЗР известува дека убедливо најмногу донации во кампањата имала Гордана Силјановска Давкова од 325.000 евра која имаше најголема поддршка. Според извештајот за неа донирале 526 физички и едно правно лице.
И останатите кандидати добиле донации
Кандидатот на ДУИ Бујар Османи собра 69.000 евра, а по него следуваат кандидатот на коалицијата „Вреди“ со 55.000 евра, кандидатката на Левица Билјана Ванковска со речиси 18 илјади евра, кандидатот на ГРОМ Стевчо Јакимовски со 16 илјади евра и кандидатот на ЗНАМ Максим Димитриевски со 12 илјади евра.
Силјановска Давкова пред убедлива победа
Убледивата победа на Гордана Силјановска Давкова се очекува да биде запечатена на 8 мај. Кандидатката од ВМРО-ДПМНЕ освои двојно повеќе гласови од Стево Пендаровски, а сега се очекува оваа разлика само да се зголеми.