Предупредувачки протест
Вработените во ФЗОМ излегоа на предупредувачки протест. Усогласување на платите со минималната, утврдување на вредноста на бод за од 1 јуни да знаат колкави ќе бидат платите и разрешување на управниот одбор во целосен состав, се барањата на синдикатот на Фондот за здравствено осигурување.
Приватните специјализанти се кренаа на нозе
А протест имаше и во Kлиничкиот центар. Приватните специјализанти под мотото „Мои права“ ги потсетија дека сè уште чекаат решавање на нивните барања. Како краен рок го посочија 15 мај.
Почакување на надоместокот
Младите лекари бараат зголемување на месечниот надоместок од 26.000 на 40.000, здравствено осигурување, како и решавање на нивниот статус.
И пред два месеци штрајкуваа, но неуспешно
Фондот за здравство пред два месеца штрајкуваше поради заканата за намалување на платите за 21 отсто, но Владата одлучи да ги задржи непроменети, по што штрајкот беше прекинат. За потсетување кога беше последниот штрајк на вработените во Фондот, во февруари, шалтерите на Фондот за здравство не работеа два дена.