Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура е во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени Целзиусови.
Во Скопје променливо облачно и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и кон крајот на денот во делови од котлината ќе има краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Минималната температура се спушти до девет, а максималната ќе достигне до 25 степени Целзиусови.
Во наредните денови следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во четврток и петок на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град.
Дневната температура од четврток до сабота ќе биде во постепено опаѓање.