На лудостите во македонското здравство им нема крај. Откако пред само неколку месеци беше обелоденет големиот скалндал со онкологија, претходно беа и трагедијата со пожарот во Тетово, недостигот на лекови, профитерството за време на пандемијата.
СДСМ не само што не ги укина економските директори, туку прифаќа со несоодветно образование
Да се потсетиме во текот на 2016 година СДСМ вети дека ќе ги укине економските директори на клиниките низ Македонија. Ваквото ветување го имаше и министерот Фатмир Меџити, а најавениот датум беше први јануари 2024 година. Сепак, како и многу други ветувања така и ова се урна како кула од карти, а најинтересно од сѐ е тоа што новите назначени економски директори воопшто не се соодветни за својата позиција.
Скандал на клиниката за токсикологија
Неколку сектори добија нови директори. Само еден ден откако стапи на функција новиот министер Илир Демири, назначени се организациски директори на повеќе клиники. Нови директори добија токсикологија, неврологија, ендокринологија, стоматологија и физикална. Демири доаѓа од редовите на Алијанса за Албанците и е специјалист инфектолог.
Како што пишува МКД.мк голем скандал се случил на Клиниката за токсикологија. Имено, новата економска директорка која е назначена Бесија Илјази не знае македонски јазик. Во ситуациите кога таа мора да соработува со колегите има преведувачи. Според информации на неа ѝ преведуваат две секретарки врботени во оваа клиника.
Која е Бесија Иљази?
Бесија Иљази е назначена за организациски директор на Клиниката за токсикологија на 14 февруари оваа година. И покрај тоа што таа се повикува во своето образвование за извесен економски факултет во реалноста нема никаков економски факулетет, барем не според нашите информмации и информациите на медиумот МКД.мк. Демант доаѓа и од министерството за култура, а и тие се изземаат дека таа била вработена таму.
„На работа доаѓа со татко ѝ кој ѝ е лично обезбедување“
За ситуацијата уште повеќе да биде трагикомична говори и фактот дека лицето Бесија Илјази на работа доаѓа со татко ѝ. Таа доаѓала на работа со татко ѝ за тој да биде како нејзино обезбедување. Можеби звучи чудно, апстрактно, но во нашата Македонија со власта предводена од СДСМ и ДУИ ваквите работи се реалност.
Бројни скандали во македонското здравство
Голем број претходни афери во здравството остануваат нерешени. Такви се трагедијата со пожарот во Тетово, недостигот на лекови, профитерството во пандемијата. Пожарот во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 луѓе, недостаток на лекот „Трикафта“ за болните од цистична фиброза, инсулин за болните од дијабетис, апарати за лекување на болни од рак што собираат прашина во магацини, се само дел од последните проблеми во здравствениот систем кои им го загрозуваа и онака кревкото здравје на пациентите. Во време на пандемијата со ковид -19, државниот ревизор утврди профитерство во јавните набавки за заштитна опрема. Претходно пациенти со години се жалат дека матични лекари ги лечат со застарени терапии затоа што позитивната листа не беше смената повеќе од 13 години.