ДУИ го прекрши правилото „победник со победник“
Ако за овие избори на сите им е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ е убедлив победник во македонскиот политички блок, ситуацијата е различна кај Албанците. Истата ДУИ која велеше дека под ниту еден услов не би коалицирала со ВМРО-ДПМНЕ сега го менува вокабуларот и одново се повикува на правилото „победник со победник“ кое патем самите тие го прекршија во 2016 година. За потсетување, и покрај тоа што ВМРО-ДПМНЕ беше победник на изборите во 2016 година со 51 пратеник, ДУИ одлучи да коалицира со СДСМ кои имаа 49 пратеници. Затоа, според аналитичарите сегашното барање на ДУИ за правилото „победник со победник“ е ирелевантно.
Бујар Османи нервозен, вели ДУИ дека ќе биде дел од Владата
Утрово Бујар Османи во прилично нервозна и напната атмосфера посочи дека според Рамковниот договор без двојно мнозинство не може да има функционално Собрание и Влада и не се однесува само за Албанците, туку за сите немнозински заедници.
Османи вели дека нема влада без ДУИ: Потребни се две мнозинства, Бадентерово и 61 пратеник
Коалицијата се надева на повеќе од 20 пратенички мандати со што, како што тврди Османи, ќе биде обезбедено мнозинството според Бадентер.
Завршен митинг најавен за ист ден на исто место: Кој ќе попушти?
Сепак, албанските политички партии ги „Кршат копјата“ каде да се одржи завршниот митинг. Моментално и двете партии самонаречениот „Европски фронт“ предводен од ДУИ, и коалицијата „Вреди“ (ВЛЕН) најавија завршни митинзи на предизборната кампања за парламентарните избори, на ист ден (6 мај), на плоштадот „Илирија“ во Тетово. Ваквата ситуација предизвика судир помеѓу двете спротивставени коалиции.
И двете партии своеглаво велат дека први закажале датум за плоштадот „Илирија“ во Тетово, па и двете се повикуваат на различни институции. Од коалицијата „Вреди“ велат дека надележна е Општина Тетово, а од ДУИ велат дека ингеренциите не се кај градоначалникот.
Како ВМРО-ДПМНЕ одеднаш стана посакуван партнер и за ДУИ?
Наеднаш, ВМРО-ДПМНЕ стана најпосакуваниот партнер на албанските партии. И на нив им е јасно дека партијата предводена од Христијан Мицкоски ќе биде убедлив победник на следните избори. Големата победа на Гордана Силјановска Давкова го наговести овој епилог.