Градоначалникот на албанската престолнина, Ерион Велиај, по чиј предлог му се доделува титулата, рече дека е чест да му се додели вакво признание на голем човек како Ахмети.
Оваа титула му се доделува како признание за неговиот континуиран придонес во заштитата на интересите на Албанците во Република Македонија, растот на политичките, социјалните и економските односи меѓу албанската заедница на Македонија и граѓаните на Тирана и зајакнување на врската меѓу заедниците за да се изгради заедничка клима на соработка и почит меѓу Албанците и Македонците, додаде Велиај.
Обраќајќи се пред присутните тој меѓу другото рече дека Албанија, иако сиромашна, секогаш покажувала топло срце за Албанците каде и да живеат.
Оваа мајка, Тирана, Албанија, беше сиромашна, но нè грееше во нејзините прегратки. Има стотици маченици, херои на нацијата, кои мајката ги држеше овде во скутот. Сакам да ви се заблагодарам, но еден збор на еден мудар старец порачува: немојте да се заблагодарувате што сите сте работеле во својата област, само добра работа се кажува за сета работа што е направена. Меѓутоа, Албанија со нас сподели леб, сол и срце. Денес Косово е држава, Албанците во Македонија се државотворни, истакна Ахмети.
Тој му вети на градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, дека ќе се обиде да биде достоен граѓанин на главниот град на Албанија, Тирана.
Оваа чест ја делам со сите мои соборци, патриоти и политички затвореници во мојата земја и во Косово. Го споделувам со 3.000 убиени луѓе во мојата земја, кои беа убиени за ова знаме, за овој јазик. Ви благодарам многу, со среќа во сите области од животот, кажа Ахмети.
На свеченоста на присуствуваа и поранешните албански претседатели Алфред Моисиу и Бамир Топи, се обрати премиерот Еди Рама, кој како што нагласи, високо го цени придонесот на Ахмети низ годините за Албанците.
Шефот на албанската влада подвлече и дека за пример треба да се земе работата и посветеноста на Ахмети за правата на Албанците во Македонија.
Историјата со посилен глас вели дека она што Али Ахмети го направи за унапредување на правата на Албанците во соседната земја и за воздигнување на Албанците во очите на целиот свет, ние останатите не можеме да го дискутираме, но само прифатете го и земете го како лекција, рече меѓу другото Рама.