Планираме да ставиме крај на иселувањето преку јака децентрализација. Планираме да воведеме субвенциии за секое новородено дете, вклучувајќи и прво дете. За прво дете мајката ќе добива седумдесетина илјади денари и плус дополнителни субвенции, за да може да ги покрива основните трошоци , за второ дете мајката ќе добива три до четири илјади евра и за трето дете до 18 години сето она што го плаќа мајката како данок ќе го враќа назад. Тоа е отприлика една просечна плата за мајката додека детето не наполни 18 години, кажа од Прилеп Александар Николоски, потпретседател на ВМРО ДПМНЕ.
И поврзано со оваа работа, го враќаме проектот купи куќа. Но, ако сте забележале проектот го викаме Купи куќа, во минатото се викаше купи куќа , купи стан. Дел од стан го тргаме, баш зарди ова што го кажував со Скопје , за да не стимулираме да ни се доиселат луѓето од Македонија, ќе стимулираме и ќе подржуваме изградба на куќа до половина од трошоците за изградба или купување на куќа за млад брачен пар ќе бидат од државата. Значи ако една куќа од 120 квадрати чини некаде околу 60 илјади евра 30 илјади евра ќе ги пкрие државата со цел младите брачни парови да си имаат своја куќа. За сето ова да го реализираме потребно е да го исчистиме криминалот и корупцијата. Некои ме прашуваат од каде 250 милиони евра секоја година за општините. Нашата математика е дека толку губи државниот буџет само заради криминал и корупција. Да бидам прецизен, не мислам дека толку се крадат, туку толку е штетата од Буџетот од тие што крадат затоа што правилото е на едно украдено евро , десет евра е штетат на Буџетот. И ако Артан Груби прави криминал од прилика 20 до 25 милиони евра годишно , ќе видите дека 250 милиони евра прави штета на Буџетот, само тоа да го застанеме стигаат парите во општините. Но тоа да го направиме треба да ги пратиме во опозиција“ изјави Николоски