Профилот на Тик Ток кој важи за неофрмален комуникациски канал на ДУИ и УЧК повикува Албанците да не гласаат за ниту еден од двајцата македонски кандидати, пишува Експрес.
За потребите на кампањата на бојкотот се користи и посебно компонирана песна во која се зборува за ВМРО-ДПМНЕ и Голема Албанија.
Профилот ги користи хаштазите #ArtanGrubi #AliAhmeti и #MenduhTachi.
ДУИ официјално не излегува со коментар на повикот за бојкот ниту ги демантира тврдењата дека партијата се залага за бојкот.
Со официјален бојкот ДУИ која и онака не може да влезе во идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ја губи и најмалата шанса било кога да биде партнер на Мицкоски.
Обидот на ДУИ со бојкот да се обиде да ја урне институцијата претседател на Македонија и да предизвика институционална криза ќе ја остави ДУИ надвор од власта дури и ако има 30 пратеници велат извори во опозицијата.
Засега за можниот бојкот молчат и странските дипломати во Скопје. На оваа тема засега молчат и американската амбасадорка и претставникот на ЕУ во Македонија.
Видеото на овој линк на Тик Ток.