Утре од 8 до 18 часот за сообраќај ќе биде затворен булеварот АСНОМ во Ново Лисиче, односно од крстосницата со булеварот Србија до булеварот Февруарски поход.
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека оваа делница на булеарот АСНОМ ќе биде затворана поради одржување на 7 Мај – Ден на полиција
„Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот. Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, се вели во соопштението на МВР.