На фејсбук се огласи Бобан Карпејовски, носителот на листа на Изборна единица 1 од партијата Знам, кои освоија шест пратенички мандати. Ветува дека ќе бидат подобри од другите.
„Утрото е поумно од ноќта.
Им благодарам на сите што излегоа вчера и гласаа. Особено сакам да им се заблагодарам на оние што го препознаа Движење ЗНАМ – За Наша Македонија како нова политичка сила и го дадоа својот глас за нашите темелни вредности и програмски приоритети.
Направивме чудо, за неколку месеци, без државни ресурси, без претходно учество на избори, без пари за кампања од државата и слични привилегии, какви што имаа СИТЕ други партии што добија пратеници, имаме шест мандати.
Ќе бидеме поинакви и подобри од другите. Ви благодарам многу“, пишува Карпејовски на својот фејсбук профил.