Амбасадорката на САД, Анџела Агелер на својот профил на Икс упати честитка по повод победата на Гордана Силјановска Давкова.
Моите срдечни честитки до Гордана Силјановска-Давкова за нејзиниот историски избор за прва жена претседател на Македонија. Честитки и за сите оние граѓани кои вчера го искористија своето избирачко право на претседателски и парламентарни избори. Соединетите Американски Држави ќе продолжат да ги поддржуваат вашите цели за безбедност, просперитет и целосна евроатланска интеграција на оваа земја,напиша Агелер.