Со денешното официјално објаување на конечноста на резултатите од неодамнешните избори, комисијата треба да достави извештај до Собранието, по што ќе може да се закаже седницата за инаугурација на новата претседателка на државата
На прес-конференција, утринава, Државната изборна комисија ја објави конечноста на резултатите од гласањето за изборите за претседател на 8 мај. ДИК констатираше дека за претседател е избрана професорката Гордана Силјановска Давкова со мнозинство од гласовите, односно 561 000 гласови, додека пак нејзиниот опонент, професорот Стево Пендаровски освоил 251 899 гласови. Записникот за конечност на резултатите од гласањето беше едногласно усвоен на седницата.
Во однос на резултатите до ДИК од Претседателските избори немаше приговори, додека пак за Парламентарните избори пристигнале девет приговори од Коалицијата „Вреди“, осум од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ и четири од Левица.
„Станува збор за групни приговори со опфатени повеќе избирачки места“,, рече Даштевски.
По денешното објавување на конечноста на изборните резултати, се трасира патот кон закажување на седницата за инаугурација на новата претседателка во Собранието, која според најавите е извесно дека ќе се одржи утре напладне. Гордана Силјановска Давкова, која трба да биде шестиот претседател на С Македонија од независноста и воедно прва жена претседател, пред пратениците од претходниот парламентарен состав треба да даде свечена изјава по која и официјално ќе започне нејзиниот пет годишен мандат.