Благодарам од срце до сите граѓани за поддршката, за време на изборите, но и во изминативе 7 години напиша Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профи.
Според поранешниот Министер за внатрешни работи како Социјалдемократски Сојуз на Македонија тие направиле многу за државата, за што тој искрено се заблагодарува до секој еден член и симпатизер, за вложеноста и искрениот пристап.
-Како и секогаш јас се обврзувам на отвореност и достапност за секој еден другар, сопартиец, сограѓанин, заедно сме во оваа борба! Ја почитуваме волјата на народот како израз на демократските процеси. Нашата ангажираност за унапредување на општеството и обезбедување на посакуваните промени останува непоколеблива, продолжуваме да работиме кон тие цели. Како ваш претставник во македонското Собрание ќе се борам жестоко за Македонија да остане на вистинскиот пат и да не потклекнеме пред политики на режим. Членството во НАТО и позиционирањето на патот кон ЕУ се највисоките дострели на нашата држава кои овозможуваат подобар живот за сите.- пишува Спасовски
На крајот, тој ги уверува членовите дека СДСМ ќе биде повторно силен и достоинствен, како што доликува на државотворна партија и движечка сила на општеството – „ние сме тие кои ја одржуваат идејата за безбедна, слободна и европска Македонија!“, заклучува Спасовски.