Ставот на адвокатот Драган Пешевски го пренесуваме во продолжение:
За сите легалисти, велики правници, АНАЛитичари и вечито загрижени за странското тапшање како добри кученца, песови. Во поглед на Преспански!!!
Прво точно е дека уставот е највисок правен акт во Република Македонија!!! Во него се определува референдумското изјаснување како израз на најголема народна волја и врвна форма на народно владеење (демократија= демос (народ) + кратос (владеење)), таму не се утврдува никаков консултативен референдум туку јасно се утврдува дека одлуката на народот е КОНЕЧНА!!! На референдумот народот дигна среден прст!!! Истите сега легалисти што кажуваат кој правен акт дерогира кој нека чукнат глава!!!
Второ треба да се разгледа и начинот на менување на уставот. Понижени криминалци, обвинети за се и сешто, вадени од притвори со ветување слобода само за да одат против народната волја. Легалистички пристап повторно!!! Дигнати два прста со кои се исполнети цела лепеза кривични дела, од такви против државата до такви против правосудството!!!
Трето, ваков тип на меѓународни договори потпишува претседателот на републиката согласно неговите надлежности, а не министер за надворешни работи легалисти.
Договорот е ништовен од сите аспекти, последиците кои ги произвел исто така, така да среден прст уште еднаш за загрижените легалисти и се надевам ќе се удавите во мочуриштето кое го создадовте!!!