„Преспанскиот договор“ се прекршува од грчка страна. Имено, за известувањата на тековните двојни избори нивните медиуми постојано го користат „Скопје“ за да ја опишат нашата држава.
За непочитување на „Преспанскиот договор“ директно е обвинета ВМРО-ДПМНЕ, но дали тие се првите кои не го почитуваат или пак истото е од грчка страна. Од она што може да се забележи од грчките медиуми јасно се гледа дека пренесувањето за инаугурацијата на Силјановска Давкова и актуелните случувања во државава за нив сме само „Скопје“, а не „Северна Македонија“.
Ситуацијата се разгоре по инаугурацијата на новиот претседател Гордана Силјановска Давкова кога таа не го употреби терминот Северна Македонија, туку само Македонија. Ова го разгоре прашањето на Преспанскиот договор и ги „отвори старите рани“.
Од потпишување преспански договор до денес ниту еден грчки политичар ни грчки медиум не нема наречено Северна Македонија, секогаш го користат за државата името Скопје, за народот Скопјани. На нашите политичари и новинари тоа не им е важно, нив им е поважно ние што ќе кажеме, се пишува на Твитер.
За двојните аршини по Преспанскиот договор се активира и Твитер. Воедно освен Скопје, тие народот го нарекуваат „скопјани“. Во продолжение ви пренесуваме повеќе за овие двојни стандарди.
Од потпишување преспански договор до денес ниту еден грчки политичар ни грчки медиум не нема наречено Северна Македонија, секогаш го користат за државата името Скопје, за народот Скопјани.
На нашите политичари и новинари тоа не им е важно, нив им е поважно ние што ќе кажеме. pic.twitter.com/ihK6bO2zlZ— Perla e Ballkanit (@deleted90808465) May 13, 2024
Утрово за Преспанскиот договор реагираше грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, а тој најави грчкиот парламент нема да ги ратификува трите меморандуми од Договорот од Преспа.