Употребата на „Северна“ Македонија продолжува да ја бранува јавноста на Балканот, а пред се во Грција. Утрово премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис најави дека Грција нема да ги ратификува трите меморандуми за соработка кои се потпишани со македонската влада, сè додека, како што кажа тој, Скопје целосно не го испочитува Договорот од Преспа.
Ставот на Илија Димовски го пренесуваме во продолжение:
Мицотакис денес најави дека нема да се ратификуваат протоколите за соработка со Република Македонија…
Тие секако чекаат од 2020 година (во случај ако на новите опозиционери им текне да ја критикуваат новата се уште невоспоставена власт)…
Еден од тие протоколи се однесува на процесор на пристапување на Република Македонија кон ЕУ…
Без тој грчки протокол, и со неколку бугарски вета, ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ… Чудно, нели?
Попатно ќе побараат да се откажеме уште од некоја своја историска или идентитетска карактеристика, и онака веќе почнавме…
Да почекаме да видиме дали денес ќе има приближно исти реакции за Мицотакис, како што имаше за Силјановска…