Денеска се прегласува на седум места во две изборни единици. По вчерашното гласање на затворениците, болните и изнемоштените денеска право на глас имаат 4.513 гласачи.
Пред неколку дена по одлуката на Управниот суд, Државната изборна комисија ги потврди информациите и прегласувањето.
Во Изборната единица 5 прифатени се прегласува во избирачките места 1272 во Охрид, 1194 и 1202 во Крушево, 1844 во Струга, 1470 и 1470/1 во Долнени. Ваквите одлуки се донесени согласно член 151 став 3 од изборниот законик.
Во Изборната единица 6 прифатен е еден приговор за избирачкото место 2102 во Желино.
Во петка ДУИ веројатно губи пратеник, а влегува од Коалицијата од СДСМ
Во изборната единица пет коалицијата на СДСМ во шесте избирачки места треба да освои околу 100 гласа повеќе од ДУИ за да добие еден пратеник плус, односно наместо Исмаил Јахоски од ДУИ, пратеник да стане Боби Мојсоски од ЛДП, односно коалицијата предовдена од СДСМ.
Зајкова се надева на пратеник повеќе
Лидерката на ЛДП, Моника Зајкова вели дека приоритет на партијата ѝ е во ИЕ5 за Боби Мојсоски да стане пратник.
Нашата цел и насоченост во моментот е прегласувањето во ИЕ 5 каде има 3521 избирач. Големи шанси за мандат има и кандидатот од ЛДП, доколку неговата коалиција освои 110 гласови повеќе од сегашниот резултат, тогаш пратеник би станал Боби Мојсоски, а би отпаднал Исмаил Јахоски од ДУИ. Затоа и повикувам да се воздржат од шпекулации и во среда да се гласа за број 1, вели претседателката на ЛДП, Моника Зајкова.
И ВМРО-ДПМНЕ цели кон пратеник во петка
Мицкоски вели дека веќе цели кон дво-третинско мнозинство. На ВМРО-ДПМНЕ според Донтовиот модел му фалат уште околу 400 гласа. Во тој случај, на местото од Јахоски би влегов Лазе Јаќимовски како 11ти од листата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
-Фокусирајќи се на народот, имаме навистина би рекол една историска можност како никогаш досега, во овие повеќе од три децении. Се уште имаме малку да ја завршиме задачата, на 22-ми мај ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму и веќе на следното мое обраќање со вас со народот на Македонија да не кажувам за 61, туку да зборувам веќе за 62 пратеника, рече Мицкоски.
На кои места ќе се прегласува?
Во саботата членовите на Државната изборна комисија едногласно усвои дека ќе се прегласува во петтата и шестата изборна единица.
Во Изборната единица 5 прифатени се приговорите за избирачките места 1272 во Охрид, 1194 и 1202 во Крушево, 1844 во Струга, 1470 и 1470/1 во Долнени. Ваквите одлуки се донесени согласно член 151 став 3 од изборниот законик.
Ахмети негодува
Али Ахмети за прегласувањето обвинува за договор меѓу најголемите две македонски политички партии. Ваквото прегласување го опишува како „изборен инженеринг“. ДУИ се соочува со тоа да изгуби едно изборно во место во петка, а пратеник повеќе да отиде на контото на СДСМ, додека во шеска ако изгубат пратеник тој ќе оди на контото на „Вреди“.
Донтов модел
Ништо нема да се знае се додека не се избори и последното ливче, затоа што заради Донтовиот модел, и неколку гласачки ливчиња можат да одлучат кој ќе добие а кој ќе загуби од денешното прегласување.