Инвестициите во образованието остануваат врвен приоритет на градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски. Преку објава на социјалните мрежи тој сподели дека основното училиште кое се наоѓа во Реонски Центар Аеродром – „Александар Македонски“ доби нова сензорна соба и кабинет за информатика.

Инвестициите во образованието се важен дел од градењето на иднината на заедницата. Денеска, на мое задоволство, заедно со претседателот на Советот на Општина Аеродром, Дејан Митески, официјално ги пуштивме во употреба новата сензорна соба и кабинетот за информатика наменет за учениците од основното училиште „Александар Македонски“, напиша Муцунски.

Првиот човек на Општина Аеродром вели дека вака компјутерската технологија се доближуваме до крајните ученици. Муцунски упати и благодарност до приватните компании, просветни работници и сите оние сите го даваат свој придонес за модерно и квалитетно образование во оваа општина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Timcho Mucunski (@mucunski)