Утрово, хеликоптер на МВР пренесе осумгодишно дете во болницата „Медицински парк“ во Истанбул за операција на ‘рбетниот столб. Детето имало сериозни моторички проблеми, не можело да оди или зборува, и имало искривување на ‘рбетот. Поради овие здравствени проблеми, обичниот превоз би можел дополнително да ја влоши неговата состојба.
На 13 мај 2024 година, родителот на детето преку бројот за итни случаи 112 и преку електронска пошта побара транспорт од Охрид до Истанбул. ЦУК, во координација со Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство, позитивно одговори на барањето. Хеликоптерот беше опремен со медицинска опрема за безбеден транспорт.
Ако се земе предвид дека оваа операција на ‘рбетот спаѓа во тешки и ризични операции, а подоцнежното опоравување е долго и многу тешко, особено во таква состојба, утврдено е дека друг вид на превоз е многу ризичен и опасен по животот на девојчето.
По упатеното барање во ЦУК, во координација помеѓу Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство на барањето е позитивно одговорено и денеска е успешно се реализираше превозот на болното дете со хеликоптер на МВР со преносна медицинска опрема до Истанбул. Според комуникацијата што ја оствари ЦУК, детето е веќе сместено во Медицинскиот центар во Истанбул, а за кратко време хеликоптерот ќе се врати во Скопје.