Водителот Богдан Илиевски без влакна на јазикот го разобличи лидерот на Левица, Димитар Апасиев. По вчерашната изјава на Апасиев, тој заборави некои работи.
Илиевски потсетва за парадоксалноста на Апасиев
Имено, вчера при влегувањето во Собранието најпрво Димитар Апасиев рече дека нема да го поддржи новиот собраниски спиекер Африм Гаши бидејќи е Албанец. На новинарско прашање „што му смета ако е Албанец е претседател“ тој рече дека му смета зборувањето на албански и го опиша како противуставно. Сепак, на следното новинарско прашање каде му рекоа „а што ако ги води седниците на македонски јазик“ Апасиев не знаејќи што да каже рече „си ги гласавте патриотите, тоа ќе ви е реалноста“. Отпосле Апасиев избеда од камерите.
Апасиев заборави дека со истиот тој Албанец којшто нема да го поддржат тој седеше на иста маса. Илиевски објави фотографија на Фејсбук пишувајќи „Она кога Гаши беше добар за Димче“.
Илиевски потсетува и што зборуваше Илиевски за спикер Македонец, конкретно Трајановски.
Мицкоски „Левица“ ја опиша како „група џанаци“
И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ даде коментар за ваквите навреди кон партијата.
Димитар Апасиев пред изборите имаше бланко понуда од ВМРО-ДПМНЕ да се приклучи и да застане на страната на македонското национално единство. Тој одлучи повеќе да се посвети на правењето планови каде ова лето ќе ужива дали на Хургада или пак на некоја грчка плажа. Како што еден од неговите поранешни сопартијци вели дека тие биле една група на џанаци, тој и понатаму продолжува да се однесува така, децидно рече Мицкоски.