Не е точно дека е зголемена смртноста на Државната кардиохирургија ова денеска го кажа поранешниот директор на скопската клиника за кардиохирургија, Марјан Шокаровски, кого деновиве од функцијата го разреши министерот за здравство Илир Демири.
Денеска тој рече дека неговото разрешување е незаконско и оти податоците кои министерот ги изнел за клиниката се погрешни. Министерот Демири пред два дена кажа дека го разрешил директорот оти се открило дека 170 лица не биле внесени во Мој термин, а како втората причина за разрешувањето ги наведе меѓучовечките односи.