Коалицијата „Европски фронт“ поднела тужба пред Управниот суд по решението на Државната изборна комисија за прегласувањето во Желино, на изборното место 2101 во село Ларце. Судот треба да одлучи во рок од 48 часа по приемот на тужбата.
Претходно ДИК на седница не го прифати приговорот од „Европскиот фронт“ за прегласувањето на ова избирачко место, со кое коалицијата „Европски фронт“ загуби еден пратеник во за резултатите од 8-ми мај, додека коалицијата „Вреди“ доби еден пратенички мандат. За да биде целосен составот на парламентот, ДИК треба да го соопшти името од коалицијата „Вреди“, кое треба да дојде на пратеничкото место на Билал Касами, кој пак, до законодавниот дом поднесе оставка.
Касами, наместо пратеник одлучи да остане градоначалник. За последниот пратенички мандат ќе одлучи Управен.