ДУП-от предвидува да се изгради само една зграда, два паркови, но најважно да се решат комуналните проблеми на граѓаните кои живеат во населба Лисиче.
Со консултација на експертската јавност и низ транспарентна постапка се донесе овој ДУП. Се огласија од Општина Аеродром каде ги соопштија деталите:
Станува збор за Детален урбанистички план кој решава важни, децениски прашања на граѓаните и отвора простор за развој и ново зеленило во општината. Од тука, целосно неточни се тврдењата за наводна бетонизација на општината и тие единствено одат во прилог на дневно политичките интереси на одредени политички структури, чија деструктивност, неодговорност и несериозност веќе е потврдена во неколку наврати, потенцираат од Општина Аеродром.
Првиот човек на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски досега во својот мандат направи неколку клучни инвестиции во овој дел од општината. Целосно реконструирана е најголемата улица во населбата „Мите Богоевски“ во должина од 1250 метри, целосна реконструкција на улицата „Црноризец Храбар“ во должина од 600 метри, нов повеќенаменски спортски комплекс кај трговскиот центар, поставување на енергетски-ефикасна фасада и внатрешна реконструкција на градинката „Пчелка 2“