Со документот целта е да се известат домашните и европските институции дека тие за себе се сметаат дека се легитимни претставници на Албанците и другите етнички заедници и затоа сметаат дека треба да влезат во Владата
Ахмети попладнево ги собра на иста маса осумтемина партнери од Европскиот фронт и највисоките тела да дискутираат за политичката состојба
Сите земаа збор од говорница и сите заеднички го делат ставот дека се победници кај другите етнички заедници и дека се крши Охридскиот рамковен договор
Али Ахмети ја прочита интегрално декларацијата
Повторуваме дека владините коалиции треба да бидат определени од двете најголеми етнички заедници на земјата како и од легимитните претстваници на другите заедници по парламентарните избори, прочита лидерот на ДУИ.