Денеска во Уставниот суд ќе се продолжи седницата за избор на нов претседател на Судот.
Ова ќе биде седми обид на членовите на Уставниот суд, откако претходните шест обиди не беа успешни, бидејќи ниту една од кандидатките Татјана Васиќ Бозаџиева и Ана Павловска Данева не го доби потребното мнозинство.
Новиот претседател треба да ја замени досегашната претседателка Добрила Кацарска, чиј тригодишен мандат истече на 2 јуни.
Според Деловникот, Уставниот суд со тајно гласање избира претседател од редот на судиите со двотретинско мнозинство.
Актуелни судии во Уставниот суд се: Насер Ајдари, Осман Кадриу, Дарко Костадиновски, Фатмир Скендер, Татјана Васиќ Бозаџиева, Елизабета Дуковска, Јадранка Дабовиќ Анастасовска и Ана Павловска Данева. Секој судија може да предложи кандидат за претседател.
Кандидатот за претседател го утврдува комисија од тројца судии избрани со мнозинство гласови. Ако кандидатот не го добие потребното мнозинство, постапката се повторува.
Мандатот на претседателот е три години, без право на реизбор.