Министерството за транспорт и врски денеска соопшти дека во овој период, согласно законските прописи, заменик министерот Реџепи ќе ги извршува тековните активности за непречена работа на овој ресор.
На парламентарните избори, што се одржаа минатиот месец, Бочварски беше избран за пратеник од редовите на Коалицијата предводена од СДСМ. Министерската функција ја вршеше од 31 август 2020 година, а претходно беше градоначалник на Штип.
Реџепи е заменик министер од 23 септември 2020 година, а претходно бил член на Судскиот совет, заменик директор во КПУ „ Идризово“ – Скопје, извршен директор на АД „Енергетика Скопје “ – Скопје…