Празното место на Бихаќка засега најпримамливо за тројца високи партиски активисти. Славјанка Петровска, Јован Деспотовски, Венко Филипче се најсериозни кандидати за лидер на СДСМ, а тие веќе ја поднесоа нивната кандидатура. Не изостанува ниту извесен Златко Ристовски од СДСМ Битола. Стефан Богоев се уште не се изјаснил за оваа позиција, а низ медиумите се шпекулираат и имињата на Игор Ивановски, Петре Шилегов и Љупчо Николовски. Богоев себеси се опиша како способен дека може да ја води оваа партија, а сега молчи. Остнува прашањето дали ова е затишје пред бура.
Сите кандидати се согласни дека на партијата ѝ требаат коренити реформи. Во седиштето на Бихаќка, прв со документи поднесе барање Венко Филипче. Поранешниот министер за здравство потенцираше дека влегува сам во трката, без тим кој ќе го формира ако стане претседател на партијата. Филипче упати порака за единство велејќи „Поделбите мора да се надминат“.
Сепак, се шпекулира дека Зоран Заев стои зад оваа кандидатура.
Пет најсериозни кандидати: Крилото на Зоран Заев ќе го поддржи Венко Филипче за лидер на СДСМ?
Пораншената министерка за одбрана Славјанка Петровска исто така трча кон оваа позиција. И таа е со сличен став велејќи дека не сака кавги. Во пресрет на изборите вели дека мора да има силно СДСМ за силна опозиција, која е здрава за демократијата.
Според мномуина и актуелниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски има шанси да стигне до оваа позиција. На внатрепартисите избори тој настапува со програма „Нов почеток, нов СДСМ“. Според него, неговата програма обединува, а не фаворизира. Најавува формирање влада во сенка.
„Ќе бидеме конструктивна опозиција во Собранието, нема да критикуваме по секоја цена“, изјавува Деспотовски при поднесување на кандидатурата.
Кандидатура поднел и Златко Ристовски, партиски активист од Битола.
Изборниот конгрес е закажан за 30-ти јуни, а на 9-ти социјалдемократите на Конгрес ќе ги анализираат сопсвените грешки за катастрофалниот изборен пораз. Рокот за поднесување кандидатури истекува на 6-ти јуни.