Освен четирите загинати, најмалку 23 лица се повредени во тешката сообраќајка, соопшти чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракушан.
Несреќата се случила доцна синоќа во близина на градот Пардубице, кој се наоѓа на околу 100 километри источно од Прага. Патничкиот воз е во сопственост на чешката приватна компанија RegioJet.
Чешкиот министер за транспорт Мартин Купка рече дека главната железничка линија меѓу Прага и источниот дел на земјата мора да биде затворена додека властите го истражуваат судирот.
Снимката од несреќата на чешкиот сајт idnes.cz покажува дека најмалку еден вагон излетал од шините. Полицијата на социјалната платформа Х прикажа конвој автомобили од итната помош и медицински хеликоптер. Од ДПА додаваат дека се испратени голем број пожарникари, болничари и лекари.
🚂⚠️ Footage of a scary head-on accident in the Czech Republic: at night, a passenger train “Prague – Košice”, which was heading to Ukraine, collided with a freight train.
At least four dead and more than 20 injured, including children, are currently known. Previously, there… pic.twitter.com/wSaaFO7NXW
— * 🇸🇪👊🇺🇦 + russrasist (@V141NG) June 6, 2024
Фотографиите од местото на несреќата покажуваат дека првиот вагон кој излета од шините, кој се наоѓа директно зад локомотивата на патничкиот воз, е тешко оштетен.
Портпаролот на железничката противпожарна служба на чешката телевизија изјави дека неколку од жртвите се тешко повредени. Полицијата ги евакуирала другите патници од возот, пренесе Ројтерс.
Возот бил ноќен експрес кој патувал од чешкиот главен град Прага до градот Кошице во Словачка.