Годишната инфлацијата мај 2024 – мај 2023 година е зголемена за 4,5 %, а цените на мало во истиот период пораснаа за 5,8 %. Во однос на април инфлацијата во мај е повисока за 0,9 %, а цените на мало пораснаа за 1,3%, објави Државниот завод за статистика.
Во споредбениот период мај годинава мај лани највисок пораст на цените има кај услугите од 8,4% и кај земјоделските производи од 7,4%. Прехранбените производи, пак, поскапеле за 5,3%, а индустриско прехранбените производи за 4,7%
Во однос на април инфлацијата во мај е повисока за 0,9 %, а цените на мало пораснаа за 1,3%.
Зголемувањето на инфлацијата во мај во однос на април е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: ресторани и хотели за 3,1 %, рекреација и култура за 2,1 %, транспорт за 1,9 %, облека и обувки за 1,5 %, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 1 %, храна и безалкохолни пијалаци за 0,7 %, разновидни стоки и услуги за 0,4 %, домување, вода, електрика, гас и други горива, здравје за 0,1 %.
Во овој период се намалиле трошоците на животот во групата комуникации за 0,3 %, додека трошоците на животот во групите: алкохолни пијалаци, тутун и наркотици и образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.