Неклиматизирани училишта
Високите температури ја отежнаа наставата во дел од скопските училиште. Во основното Климент Охридски учениците како под вршник. Зградата која е стара 100 години не е климатизирана, па единствено што можеа наставниците да направат е ширум да ги отворат вратите и прозорците.
„Учениците губат концентрација“
Директорката Симоновска вели дека учениците и наставниците веќе губат концентрација, а имале и случаи каде на неколку основци им било лошо. Поради немање услови за одржување на настава, бараат на 10-ти јуни да заврши годината.
Барања МОН да ја прекине школската година
На иста линија и невладината „Промени се“. Оттаму сметаат дека македонските училишта немаат услови за одржување на настава на 40 степени. Бараат МОН да ја поништи одлуката и прашуваат кој ќе одговара доколку нешто им се случи на наставниците и учениците како последица од топлотниот бран.
Последниот збор го има минситерот за образование
Конечната одлука, дали ќе прекине наставата ја има министерот за образование. Јетон Шаќири, кој е во заминување од оваа функција се чека да го каже поселедниот збор.
Ова е прва година како МОН одлучи да воведе пролетен распуст за учениците и да ја продолжи учебната година до 17-ти јуни. Во изминатите денови откако земјава е зафатена од топлотен бран, родители реагираа на социјални мрежи дека поради високите температури биле повикани во училиштата за да си ги земат децата.
Извор: МРТ