Денеска и утре во поширокото централно градско подрачје ќе има посебен режим на сообраќај, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Режимот на сообраќај, како што велат од МВР, се воведува поради одржување министерски состанок во рамките на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) и Самит на шефови на држави и влади во рамките на Процесот за соработка на Југоисточна Европа.
Од Секторот за внатрешни работи – Скопје апелираат сите граѓани, учесници во сообраќајот, да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници.