Скопје рано утрово беше погодено од краткотрајно силно невреме проследено со обилен дожд и наместа со град. За кратко време паднаа поголеми количини за вода но нема информации за причинета материјална штета.
Утринскиот дожд сепак ги спушти температурите и го прекина континуитетот на топлотниот бран со кој беше погодена земјава.
За денеска во главниот град се очекува променливо облачно, претпладне со повремен пороен дожд и грмежи, локално и во форма на краткотрајно невреме.
Попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува ведро време“.
Според прогнозите на метеоролозите вдолж повардарието ќе дува умерен, до засилен северен ветер, а во попладневните часови облачноста ќе се намалува.